Нашите рецепти
___________________________________________________________
Без разлика дали сте во потрага по салати, леки закуски или пак главни јадења,овие рецепти се далеку од обични.

Салати со маслиново масло
Медитеранска салата
Најдобро приготвено со


СОСТОЈКИ
- 500 г боранија
- 500 г компири
- репка
- 2-3 главици лук
- босилек, маслиново масло
- сол, црн пипер
Начин на подготовка:
Најпрвин боранијата се мие, чисти и се вари. Се отфрлува првата зовриена вода, а во втората свежа вода додадете ситно сецкани компири. Кога компирот ќе омекне, додадете репка. Кога зеленчукот целосно ќе се зготви отстранете го од шпоретот. Додадете ситно сецкан лук, босилек, сол и бибер. На крајот полевајте со маслиново масло и промешајте.



