Главната цел на сертификатот, совпаѓајќи се и со директивите на ЕУ е да се промовираат успешни мали и средни претпријатија, сигурен и безбеден бизнис, добри деловни практики и да ја зголеми транспарентноста на пазарот. Покрај се, тој ќе им помогне на клиентите и деловните партнери во намалување на финансиските и други ризици при склучување деловни договори.Сертификатот им овозможува на локалните и меѓународни деловни партнери да го проверат и потврдат постоењето на нашата компанијата, на нашата соодветна веб адреса, и што е најважно нашата кредитната способност.Основа за оваа сертификација е кредитниот извештај и секојдневниот мониторинг од COFACE Хрватска. Истовремено веб технологија SafeSigned ™ спречува ознаката «Excellent SME Macedonia« да се копира и да се користи на било кој друг веб-сајт кој не е сертифициран.Со инсталирање и користење на сертификатот, постоечките и потенцијалните партнери може да прават разлика помеѓу успешни и помалку успешни компании во сајбер светот.
За повеќе информации може да го посетите следниов линк. http://www.excellentsme.com/issuers.php?i=3

ISO 22000:2018 е меѓународен стандард за Систем за управување со безбедност на храната, наменет за организации кои се дел од синџирот на исхрана. Стандардот им овозможува на компаниите систематски да ги идентификуваат, проценуваат и контролираат потенцијалните опасности поврзани со безбедноста на храната, со цел да обезбедат безбедни и квалитетни производи за потрошувачите. ISO 22000:2018 се применува на организации од сите големини и видови кои се директно или индиректно вклучени во синџирот на исхрана – од производство и преработка, до складирање, транспорт, дистрибуција и други поврзани услуги. Стандардот овозможува воспоставување, одржување и континуирано подобрување на системот за управување со безбедност на храната, преку користење на сопствени и/или надворешни ресурси.Системот за управување со безбедност на храната ISO 22000:2018 ѝ овозможува на една компанија:
– Да планира, воспостави, имплементира, одржува и континуирано го подобрува Системот за управување со безбедност на храната, со цел производство и испорака на безбедни производи;
– Да ги идентификува и контролира опасностите поврзани со безбедноста на храната во рамките на своите процеси;
– Да покаже усогласеност со применливите законски и регулаторни барања поврзани со безбедноста на храната;
– Да ги идентификува и исполнува барањата и очекувањата на клиентите и другите релевантни заинтересирани страни;
– Да воспостави ефикасна комуникација со добавувачите, клиентите и другите учесници во синџирот на исхрана;
– Да обезбеди контрола и следливост на процесите кои имаат влијание врз безбедноста на храната;
– Да обезбеди сигурност дека организацијата ги исполнува своите политики и поставени цели во однос на безбедноста на храната;
– Да демонстрира способност за управување со ризици и навремено реагирање во ситуации кои можат да влијаат врз безбедноста на храната;
– Да ја подобри довербата на клиентите и потрошувачите во безбедноста и квалитетот на своите производи;
– Да обезбеди основа за континуирано подобрување на системот и неговата ефикасност;
– Да побара сертификација на својот Систем за управување со безбедност на храната од независно сертификациско тело, со што се потврдува усогласеноста со барањата на ISO 22000:2018.

Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите GS1 Македонија (порано ЕАН МАК) е доброволна форма на организирање на заинтересираните субјекти од производните и непроизводните сектори во Република Македонија. GS1 Македонија е непрофитна и деловно неутрална асоцијација на македонските компании.
Основните цели на GS1 Македонија се воведување, примена и развој на единствениот меѓународен систем на стандарди (GS1 стандарди) за автоматска идентификација на производите и услугите, електронска размена на податоците и обезбедување на неутрална платформа за отворена соработка помеѓу сите деловни партнери и стопански субјекти.
GS1 Македонија е единствен овластен претставник на GS1 во Република Македонија и поседува сертификат за ексклузивни права да управува, обезбедува единственост и интегритет на GS1 системот на нејзината територија, и да доделува GS1 идентификациони броеви (Единствен Матичен GS1 број – GS1 ЕМБ) на македонските компании неопходно потребни во менаџментот на националниот и светскиот синџир на снабдувањето.
За повеќе информации може да го посетите следниов линк: http://www.gs1.org/

Сертификатот потврдува дека деловниот субјект е во групата компании со најдобра бонитетна оцена во Северна Македонија. Деловниот Субјект ги исполнува сите критериуми за 2025 година и спаѓа во самиот врв на бонитетна извонредност.