Нашите рецепти

___________________________________________________________

Без разлика дали сте во потрага по салати, леки закуски или пак главни јадења,овие рецепти се далеку од обични.

Салати со масло од сусам

Шарена салата со пилешко месо

Најдобро приготвено со

СОСТОЈКИ

  • 250г макарони
  • 150г пилешко месо
  • 1 кромид
  • 1 лута пиперка
  • 2 лажици сок од лимон
  • 100 мл чиста супа
  • 200 гр павлака
  • 2 лажици масло од сусам
  • сол, црн пипер
  • 2 главици лук
  • 300 гр тиква
  • 2 црвени пиперки
  • 1 лажичка сусам
  • кари
  • 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:

Најпрвин пригответе ги тестенините. Излупете го кромидот и ситно исецкајте го. Исчистете ја лутата пиперка и исецкајте ја. Измешајте лимонов сок, 50 мл супа, павлака, пиперки и лук. Додади зачини. Измијте го месото, исушете го со крпа, полијте го со масло и оставете го да се печи 20 минути. Исчитете го лукот и исецкајте го на ситно. Исчистете ја тиквата и исецкајте ја. Згответе го лукот во масло, потоа додадете ја тиквата со бибер и оставете сето тоа да врие 5 минути. Додајте сол, бибер и кари. Потпржете го сусамот. Во макароните, додајте сусам, зеленчук, супа и малку сол. Додајте сол, бибер и кари на месото. Украсете со сецкан магдонос.