Нашите рецепти

___________________________________________________________

Без разлика дали сте во потрага по салати, леки закуски или пак главни јадења,овие рецепти се далеку од обични.

Салати со масло од сончоглед

Салата со брокула и семки од сончоглед

Најдобро приготвено со

СОСТОЈКИ

  • 500г брокула
  • 3дл густ јогурт
  • 1дл мајонез
  • 1/2дл шеќер
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1/2 црвен кромид, сецкан во прстени
  • 1дл печени семки од сончоглед
Начин на подготовка:

Измешајте јогурт, мајонез, шеќер и оцет додека не постане во вид на крем. Измешајте ги цветовите од брокулата со кромид, масло од сончоглед и прелијте го со претходно приготвениот крем и добро промешајте. Оставете го преку ноќ во фрижидер. Украсете со кромид и семки од сончоглед пред сервирањето.