Чиа семето е еден од најбогатите извори на Омега-3, диететски влакна и протеини, кои придонесуваат за одржување на мускулите и коските.Главната разлика меѓу чиа семето во зрнеста форма и меленото чиа семе е алфа-линоленската киселина (АЛА) и еикозапентаеноична киселина (ЕПА), кои организмот повеќе ги абсорбира ако чиата е во мелена состојба. Една од причините поради која луѓето многу го користат ова семе е тоа што помага за намалување на телесната тежина. Ова е како резултат на големата содржина на влакна кои помагаат при споро ослободување на шеќер во крвта и го регулираат нивото на истиот.
Поради големата содржина на Омега-3 масни киселини, мелената чиа помага во превентирање на разни кардиоваскуларни заболувања и проблеми со срцето. Исто така помага во подобрување на работата на мозокот.Ова семе изобилува со витамини и минерали кои го забрзуваат метаболизмот и го контролираат крвниот притисок. Препорачаната дневна доза е 30г. на ден.
| Нутритивни податоци 100г производ содржи просечно: |
| Енергетска вредност | 481KJ/117Kcal |
| Вкупно масти | 9г |
| Од кои: | |
| заситени | 0,9г |
| мононезаситени | 0,9г |
| полинезаситени | 7,2г |
| од кои шеќери | 0г |
| Влакна | 0г |
| Протеини | 33г |
| сол | 0г |



