
Ова е свежо исцедено масло од тиквини семки. Тиквините семки даваат темнозелено, меѓутоа извонредно вкусно масло. Методот на ладно цедење овозможува во маслото да се задржат оригиналниот, богат вкус на тиквините семки и темнозелената боја на природното нерафинирано масло, што означува висока содржина на хлорофил.
Маслото од тиквини семки содржи висок процент од двете есенцијални масни киселини (омега 3 и омега 6), што го прави високо хранливо и корисно масло во исхраната. Маслото од тиквини семки им дава деликатесен вкус на сите видови салати, посебно на салатите од зелен лист и компир салатите.
| НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ 100 г производ содржи просечно: |
| Енергетска вредност | 3698кЈ/884Kcal |
| Вкупно масти | 100г |
| Од кои: | |
| мононезаситени | 28г |
| полинезаситени | 60г |
| заситени | 12г |
| Витамин Е | 26г |
| Јаглехидрати | 0г |
| Диететски влакна | 0г |
| Шеќери | 0г |
| Протеини | 0г |
| Витамин А | 0г |
| Витамин Ц | 0г |


