
Ова е свежо исцедено масло од тиквини семки. Тиквините семки даваат темнозелено, меѓутоа извонредно вкусно масло. Методот на ладно цедење овозможува во маслото да се задржат оригиналниот, богат вкус на тиквините семки и темнозелената боја на природното нерафинирано масло, што означува висока содржина на хлорофил.
Маслото од тиквини семки содржи висок процент од двете есенцијални масни киселини (омега 3 и омега 6), што го прави високо хранливо и корисно масло во исхраната. Маслото од тиквини семки им дава деликатесен вкус на сите видови салати, посебно на салатите од зелен лист и компир салатите.
| НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ ДОЗИ ВО ПАКУВАЊЕ: 33 ГОЛЕМИНА НА ПОРЦИЈА: 15мл |
| Просечното количество | ЕДНА ЛАЖИЦА (13,6г) |
|---|---|
| Енергетска вредност | 37кЈ/122Kcal |
| Вкупно масти | 13,6г |
| Од кои: | |
| мононезаситени | 3,6г/27% |
| полинезаситени | 8,16г/60% |
| заситени | 0,95г/7% |
| други масни кисел. <1% | 0,89г/6% |
| Јаглехидрати | 0г |
| Протеини | 0г |
| Витамин Е | 3,4мг |


