Некои го нарекуваат најмоќно растение на планетата. Лененoто семе е вистински извор на здравје. Со пресување на лененото семе се добива масло, а остатокот се високо протеински материи кои се користат во исхраната и кој му овозможува на организмот максимално искористување на сите нутритивни материи природно присутни во ленот.Се препорачува 1-3 супени лажици лен за појадок. Исто така, пред појадокот може да изедете 1 лажица ленено семе со јогурт или кисело млеко.
Семето може да се додава во салати, во сосови, а често се користи и како состојка во разни печива, како лебови, колачи и слично. Лененото семе, можете да го додадете во житарки, протеински шејкови и слично. Нема некој посебен вкус, така што може да го користите и за блага и за солена храна.
| Нутритивни податоци 100г производ содржи просечно: |
| Енергетска вредност | 2234КЈ / 534Кcal |
| Вкупно масти | 41г |
| Од кои: | |
| мононезаситени | 9г |
| полинезаситени | 28г |
| заситени | 4г |
| Диетални влакна | 27г |
| Јаглехидрати | 29г |
| Протеини | 17г |
| Шеќери | 1,78г |



