Нашите рецепти
___________________________________________________________
Без разлика дали сте во потрага по салати, леки закуски или пак главни јадења,овие рецепти се далеку од обични.

Салати со масло од сусам
Салата со сусам
Најдобро приготвено со


СОСТОЈКИ
- 1 зелена салата
- 6 домата
- 250г младо сирење
- 100г сусам
- 3 лажици вински оцет
- 4 лажици масло од сусам
- 1 лажица сок од лимон
- Сол
Начин на подготовка:
Искршете го сирењето со вилушка така што да се формираат топчиња со големина на мал орев. Измешајте го целото сирење во пржените семки од сусам. Исецкајте ги измиените домати во парчиња и измешајте го заедно со зелената салата и сирењето во сусам. Додајте сол, масло од сусам и сок од лимон.



